Свет Етингер: Трамп си игра „раздвој, па владеј“

Етингер: Трамп си игра „раздвој, па владеј“

Американскиот претседател Доналд Трамп со Европската Унија си ја игра играта „раздвој, па владеј“, оцени еврокомесарот Гинтер Етингер, додавајќи дека земјите членки не смеат да подлегнат на таквите сплетки.

– Пред сè, мораме да бидеме внимателни и да не ја прифаќаме таа игра – рече комесарот за дигитална економија и општество, Етингер, за радио „Дојчландфунк“.

Трамп претходно упати кон Германија серија негативни коментари.

Тој оцени дека ЕУ станала „возило на германските интереси“ и дека уште членки ќе гласаат за излез од унијата, како што тоа го направи Велика Британија во јуни минатата година.

Етингер ја повика ЕУ да биде самоуверена во својот однос кон Трамп.

– Имаме поголем пазар. Како тим сме посилни – заклучи Етингер.