Свет Балкан Естонија ќе го преземе претседателствувањето со Советот на Европа

Естонија ќе го преземе претседателствувањето со Советот на Европа

Во Софија денеска ќе биде одржана министерска седница на Советот на Европа на која Бугарија на Естонија ќе и го предаде претседателствувањето со Советот на Европа, соопштија од таа организација.

Главните теми на состанокот ќе бидат демократска безбедност на државите во Европа имајќи ги предвид предизвиците со кои тие се соочуваат, обезбедување на долгорочна ефикасност на системите на Европска конвенција за човекови права, политиката на Советот на Европа спрема содседните региони и соработка со Европската унија.

На крајот на седницата бугарскиот министер за надворешни работи Данијел Митов ќе го предаде претседателствувањето со Советот на Европа за наредните шест месеци на шефицата на дипломатијата на Естонија, Маринa Каљуранд.