Македонија Естонија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Естонија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Естонија едногласно го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО.

Естонија е 17. земја што го ратификуваше Протоколот.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, се очекува кон крајот на годината државата и официјално да стане 30. членка на НАТО.