Економија ЕСМ: Започна грејната сезона

ЕСМ: Започна грејната сезона

Доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува, велат од ЕСМ

Фото: Архива на Мета.мк

Денеска започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ.

Од ЕСМ соопштија дека топланите стартувале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запрело во 10:00 часот.

„Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ
По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува“, велат од ЕСМ.

Оттаму повторно апелираат до потрошувачите и управителите односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).