Економија ЕСМ ќе ја откупува целокупната електрична енергија што Те-То ќе ја произведе...

ЕСМ ќе ја откупува целокупната електрична енергија што Те-То ќе ја произведе во следните два месеци

Фото: Мета.мк

Владата на 9-та редовна седница ја продолжи мерката за обезбедување дополнителните количини електрична енергија од домашно производство до крајот на март. Според владината одлука, топланата Те-То ќе работи седум дена во неделата по 24 часа со полна моќност и во февруари и март.

„Согласно оваа мерка, АД ‘Електрани на Северна Македонија‘ ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Те-То“, соопшти Владата.

Со преземањето на електричната енергија ќе се обезбеди дополнителна топлинска енергија односно континуирано парно греење во Скопје.

Владата пред 10 дена донесе одлука државната компанија ЕСМ да го преземе работењето на БЕГ додека трае енергетската криза. Ваквата одлука следеше откако БЕГ најави дека нема пари за набавка на гас па не може да испорачува топлинска енергија во Скопје, односно дека граѓаните и државните и локални институции ќе немаат парно.