Свет Ердоган: Заедно со САД ќе ја нападнеме престолнината на ИД

Ердоган: Заедно со САД ќе ја нападнеме престолнината на ИД

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција и САД се подготвени заеднички да тргнат во битка за Рака – неформалниот главен град на Исламска држава.

Американскиот претседател Барак Обама на самитот Г20 во Кина предложил заедничка акција против милитантите на ИД, а Ердоган одговорил дека нема проблем со спроведување на таква акција.

– Обама сака да направи заедничка акција во врска со Рака. Ние рековме дека тоа не е проблем од наша перспектива. Му укажав дека наши војници треба да се состанат и да разговараат, а потоа ќе биде направено она што е потребно – изјави Ердоган.

Подемот на ИД почна со освојувањето на сирискиот град Рака и тој сега се смета за главен град на оваа терористичка организација. Наводно, во него живеат помеѓу 250.000 и 500.000 борци на организацијата.