Свет Европа Ердоган, сепак, му се извини на Путин за уривањето на рускиот авион

Ердоган, сепак, му се извини на Путин за уривањето на рускиот авион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска упати извинување до рускиот колега, Владимир Путин, поради погубувањето на рускиот пилот.

Ердоган во писмото, кое го пратил до Путин, искажал и подготвеност да се обноват односите меѓу Анкара и Москва, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Ердоган ја нарече Русија „пријател и стратешки партнер“ на Анкара, со која турските претставници не сакаат да си ги расипат односите.

За потсетување, турски авиони во ноември минатата година собори руски „су-24“ над Сирија, во близина на границата со Турција.

Рускиот претседател, еден ден по соборувањето на авионот, рече дека турскиот авион го урнал рускиот авион додека летал четири километри во внатрешноста на Сирија и оти во ниту еден момент не претставувал закана за турската безбедност.

Ердоган во ноември минатата година за „Си-ен-ен“ изјави дека неговата земја на планира да се извини и додаде дека рускиот борбен авион го нарушил турскиот воздушен простор.