Свет Европа Ердоган распиша нови избори

Ердоган распиша нови избори

Еден ден по истекот на рокот за формирање на нова влада, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган распиша нови избори.

Во соопштението од кабитентот на претседателот не пишува кога ќе се одржат изборите, но според претходни изјави на Ердоган, тоа би било на 1 ноември оваа година.

Се очекува Ердоган повторно да го именува Ахмед Давутоглу да формира преодна влада. Владејачката Партија на правдата и развојот, на изборите прв пат од 2002 година во јуни го загуби мнозинството во парламентот.

Двомесечните преговори за формирање коалициска влада не донесоа резултат.