Свет Балкан Ердоган: Одиме на нови избори

Ердоган: Одиме на нови избори

Турција забрзано се движи кон нови избори и тоа е единствено решение кое ја содржи „волјата на народот“ и може да ја прекине политичката криза која настана откако владејачката Партија на правдата и развојот не успеа да формира влада, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу синоќа го извести Ердоган дека не успеал да формира коалициска влада и му го врати мандатот за преговори, кој го доби на 9 јули.