Свет Балкан Ердоган: Ќе продолжам да ги нарекувам нацистички остатоци и фашисти

Ердоган: Ќе продолжам да ги нарекувам нацистички остатоци и фашисти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе продолжи да ги нарекува европските земји „нацистички остатоци и фашисти“ доколку го задржат „сегашниот став“ кон Турција.

– Тие не дозволуваат моите министри да држат говори во Европа. Кога референдумот на 16 април ќе заврши, ќе одлучиме. Сè има цена – рече Ердоган на собирот по повод реферндумот во турскиот град Зонгулдак.

Ердоган ги нападна европските земји, вклучувајќи ја и Германија во кампањата за референдум, обвинувајќи ги дека користат „тактика слична на нацистичката“ поради забраната турските министри да говорат на собири на турските гласачи во европските градови.