Свет Балкан Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство

Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да си поднесе оставка доколу опозициската Народно републиканска партија докаже дека тој има сметки во странство, јавуваат турските медиуми.

– Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција. Ако не можете да докажете, тогаш вие треба да си заминете од политиката – изјави Ердоган.

Реакцијата на Ердоган доаѓа откако лидерот на опозициската партија, Ќемал Калачдароглу, пред парламентарната група на неговата партија претходно неделава изјави дека членови на семејството на Ердоган имаат милиони долари во компанија со седиште во даночните раеви во странство.