Свет Балкан Ердоган ќе одобри воведување смртна казна ако Парламентот ја изгласа

Ердоган ќе одобри воведување смртна казна ако Парламентот ја изгласа

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа соопшти дека ќе одобри воведување смртна казна, доколку Парламентот се изјасни за тоа.

– Доколку нацијата донесе таква одлука верувам дека политичките партии ќе ја прифатат. За тоа ќе одлучи турскиот Парламент, имајќи предвид дека народот е носител на суверенитетот, а јас однапред потврдувам дека ќе ја одобрам одлуката на Парламентот – рече Ердоган во обраќањето на митингот во Истанбул.

Во врска со апелите дека воведувањето на смртната казна се коси со меѓународните конвенции за човекови права, посебно со Европската конвенција и законите на ЕУ, Ердоган истакна дека таа сè уште постои во САД, Јапонија и Кина.