Свет Балкан Ердоган ја одобри новата турска влада

Ердоган ја одобри новата турска влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја одобри новата Влада на чело со премиерот Ахмет Давутоглу, по победата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на изборите одржани на 1 ноември.

Ердоган ја одобри листата на министри, која ја изнесе Давутоглу само неколку часа откако Турција урна руски воен авион, за кој се наведува дека го нарушил воздушниот простор на земјата.

Ердоган распиша избори за 1 ноември откако Давутоглу не успеа да оформи коалициона влада. АКП, која го освои парламентарното мнозинство, изгубено изборите одржани во јуни, за министер за енергетика го постави зетот на Ердоган.