Свет Ердоган ја обвини ЕУ дека не ги исполнува обврските кон Турција

Ердоган ја обвини ЕУ дека не ги исполнува обврските кон Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја критикуваше Европската Унија истакнувајќи дека Брисел не ги исполнил обврските, односно не обезбедил три милијарди евра помош за мигрантите.

Ветената помош претставува дел од спогодбата, според која Турција треба да го запре доаѓањето на мигрантите во Европа.

Од март годинава, откако спогодбата стапи на сила, целосно е запрен дотекот на мигранти од Турција до брегот на Грција, откако илјадници лица ги загубија животот минатата година, обидувајќи да го минат Средоземно Море.

– Годината привршува. Ветија, но не испорачаа помош – рече Ердоган на научен собир во Анкара.
Европската комисија соопшти дека помошта се исплаќа за проекти, а не како вкупна сума.