Свет Балкан Ердоган: Гласањето во Европскиот парламент нема вредност

Ердоган: Гласањето во Европскиот парламент нема вредност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека гласањето во Европскиот парламент за прекинување на пристапните преговори меѓу ЕУ и Анкара „нема вредност“ и повторно ја обвини Европа дека стои зад терористичките организации.

– Повеќепати јасно кажавме дека многу повеќе ги почитуваме европските вредности од многу земји на ЕУ, но не можевме да ја видиме конкретната поддршка на западните пријатели… Ниту едно ветување не е исполнето – рече Ердоган на конференцијата на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.

Тој додаде дека пратениците на ЕП утре ќе гласаат за преговорите со Турција, но дека резултатот од тоа гласање нема никаква вредност за нив.

Водечките членови на Европскиот парламент вчера повикаа да се прекинат преговорите за членството на Турција во ЕУ поради чистките што властите во Анкара ги спроведуваат по воениот удар извршен во јули годинава.