Свет Балкан Ердоган ги обвини Нобеловиот комитет и СБ на ОН за пристрасност

Ердоган ги обвини Нобеловиот комитет и СБ на ОН за пристрасност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини за пристрасност Нобеловиот комитет, а, исто така, и Советот за безбедност на ОН, кои, според него, се целосно христијански држави, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Денешен Заман“.

Ердоган за ова зборуваше во претседателската палата во Анкара, на церемонијата на доделување на Големите претседателски награди за култура и за уметност.

Тој ги пофали турските уметници и ги отфрли критиките дека тие не можат да процветаат во оваа земја.

– Тоа е неприфатливо. Тие процветуваат и тоа го постигнуваат и покрај пречките пред нив. Кога ќе ги разгледате одлуките на меѓународните организации, не очекувајте тие да дејствуваат објективно. Дали Нобеловиот комитет своите одлуки ги донесува објективно? Никогаш. Тоа го гледавме и уште го гледаме. Дали Советот за безбедност на ОН своите одлуки ги донесува објективно? Никогаш – рече Ердоган.

Во 2006 година, турскиот писател Орхан Памук стана првиот и досега единствен турски државјанин кому му беше доделна престижната Нобелова награда.