Свет Европа Ердоган: Германија им помага на терористите

Ердоган: Германија им помага на терористите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја обвини Германија за помагање на терористите, затоа што, како што рече, Берлин не дава одговор на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти.

Неговите зборови веројатно ќе доведат до нова ескалација на тензиите меѓу двете земји, посочуваат светските медиуми.

– Ние ѝ дадовме на германската канцеларка Ангела Меркел 4.500 досиеја, но не добивме одговор на ниту едно – изјави Ердоган пред членовите на неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Турскиот претседател вели дека Германија сака да ѝ бидат предавани терористите, но не сака да ги предава терористите кои се барани од Турција.