Економија „Ер Балтик“ ќе лета од Скопје за Рига од 2 мај догодина

„Ер Балтик“ ќе лета од Скопје за Рига од 2 мај догодина

На релацијата Рига-Скопје-Рига, „Ер Балтик“ ќе лета два пати неделно со авионот Ербас А220-300

Фото: Kevin Hackert on Unsplash

Летонскиот национален авиопревозник „Ер Балтик“ од 2 мај наредната година ќе започне да ја одржува авионската линија Рига-Скопје-Рига. Новата дестинација со која се поврзува македонскиот главен град е вметната во летниот ред на летање на „Ер Балтик“, а заедно со Скопје, Рига ќе биде поврзана и со Љубљана и Приштина во текот на наредното лето.

На релацијата Рига-Скопје-Рига, „Ер Балтик“ ќе лета два пати неделно со авионот Ербас А220-300. Авионски билети за новата линија веќе може да се набават на веб-страницата на оваа авиокомпанија.

Од авиокомпанијата информираа дека внимателно го анализирале пазарот со барањата на патници и овој пат идентификувале можност за да се прошири мрежата кон Централна и Југоисточна Европа.