Спорт Енрике: Не се каам за Меси

Енрике: Не се каам за Меси

Тренерот на Барселона, Луси Енрике, по поразот од Реал сосиедад изјави дека не жали што го оставил Лионел Меси на клупа.

Барселона на „Сан Себастијан“ беше поразена со 1:0, со автоголот на Џоџи Алба во втората минута, со што ја пропушти шансата да го престигне Реал Мадрид, кој изгуби од Валенсија (2:1).

Меси го почна натпреварот на клупа, а влезе на почетокот од второто полувреме, но не успеа да ја извлече од летаргија очајната Барселона.

– Не е време за каење поради ваквите одлуки. Го направив тоа што е најдобро за тимот. Мислев дека е најдобро да не ризикува со нив (Меси и Нејмар) – рече Енрике, додавајќи дека автоголот бил единствената шансса на Реал сосиедад.
.