Дописници Елшанско добредојде за Ева и за Виктор Милер од Берлин и за...

Елшанско добредојде за Ева и за Виктор Милер од Берлин и за нивните кучиња-транспортери

Изминатиов викенд, меѓу бројните странски гости, вниманието на жителите од планинското надезерско село Елшани, но и на охриѓани, го привлекоа Ева и Виктор Милер од Берлин, Германија.

Тие во Македонија допатуваа заедно со тројца необични придружници – кучиња-транспортери: Ива, Ида и Бјорн, натовартени со различни камперски и туристички потрепштини.

Ева и Виктор се вљубеници во природата и во пешачењето, но нивната пасија се авантури на велосипед низ цел свет. Токму и оваа маршрута во која и Елшани е на нивниот пат, претставува дел од нивните авантури. Нивните велосипеди се опремени и со приколки во кои се сместуваат нивните корисни кучиња, кои беа вистинска атракција за жителите на Елшани – пишува порталот „Охрид њуз“.