Економија Елези: Жените во руралните средини се соочуваат со пречки на пазарот на...

Елези: Жените во руралните средини се соочуваат со пречки на пазарот на труд

Заменик министерот за финансии, Ширет Елези учествува на конференцијата организирана од Светска банка на тема „Развивање на потенцијалот за економски раст – преку подобрување на родовата еднаквост“, која се одржува во Виена.

Елези истакна дека родовата еднаквост и учеството на жените на пазарот на капитал имаат придонес кон зголемување на економскиот раст. Таа посочи дека жените на пазарот на труд се соочуваат со пречки, и тоа повеќе жените во руралните во однос на жените во урбаните средини.

„Преку Фискалната стратегија 2019-2020 и новиот закон за буџети, особено внимание ќе се посвети на родово одговорно буџетирање. Веќе во 2018 година има напредок, преку планирање со родова буџетска анализа во линиските министерства, и одредување индикатори за следење на родови програми“, додаде Елези.

Конференција на Светска банка има за цел зголемување и зајакнување на родовата еднаквост на регионално и меѓународно ниво, како и за подобрување на мониторингот на обврските преземени за родова еднаквост.