Економија ЕЛЕМ ќе инвестира во автокампот „Ливадиште“ во Струга

ЕЛЕМ ќе инвестира во автокампот „Ливадиште“ во Струга

ЕЛЕМ планира да инвестира 2,7 милиони денари во обнова на автокампот „Ливадиште“ во Струга. Со проектот е планирано да се санира електричната инсталација, водоводот, соларниот систем за топла вода, а ќе се обнови и плажата.

Освен веќе постоечките приколки, ќе има и кошаркарско и фудбалско игралиште, мини-голф и нови бунгалови.