Хроника Екстрадиран e Никола Константидис

Екстрадиран e Никола Константидис

Четириесет и тригодишниот Никола Константидис од Ресен, кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол – Скопје, поради бегство од затворот „Идризово“, вчера е екстрадиран во Македонија, соопшти МВР.

Константинидис, кој бил уапсен во Албанија, е осуден на повеќегодишна казна затвор поради сторено кривично дело поврзано со педофилија, полов напад на дете.
Затвореникот е спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.