Економија Експресниот пат Велес – Штип ќе биде готов во 2016 година

Експресниот пат Велес – Штип ќе биде готов во 2016 година

Завршени се првите пет километри од реконструкцијата на патот Велес – Штип, а денеска ќе се почне со асфалтирање на уште девет километри од Велес до Лозово.

Целосно, експресниот пат Велес – Штип треба да биде завршен во првата половина на 2016 година.

Должината на експресниот пат ќе биде 26 километри, а цената на изградба изнесува 15 милиони евра.