Свет Експлозија во рудник во Кина, 33 рудари заробени во окното

Експлозија во рудник во Кина, 33 рудари заробени во окното

Во рудник за јаглен на западот на Кина денеска се случи експлозија на гас, по која 33 рудари останаа заробени во јамата во која работеле, јавуваат кинеските државни медиуми.

Агенцијата „Ксинхуа“ наведува дека не се знае во каква состојба се рударите кои се заглавени под земја.

Експлозијата се случила во рудник во регионот Чингцинг, нешто по пладне, јавува истата агенција, повикувајќи се на локални претставници.

Во рудниците во Кина често се случуваат несреќи, иако во изминатите години се подобрени безбедносните мерки и се затворени малите и опасни рудници. Ваквите чекори придонесоа за намалување на стапката на смртност во рудниците во изминатите години.

Кина, која е најголемиот произведувач и потрошувач на јаглен во светот, најави дека планира да затвори повеќе од 1.000 застарени рудници.