Свет Европа Експлозија во германска хемиска фабрика

Експлозија во германска хемиска фабрика

Германскиот гигант на хемиската индустрија БАСФ објавил дека неколку лица се повредени во експлозија во фабрика во Лудвигсхафен, град во кој се наоѓа седиштето на компанијата.

Од БАСФ соопштија дека експлозијата се случила околу 11.30 часот во фабриката „Ландесхафен норд“ и дека истрагата е во тек.

Компанијата наведува дека за експлозијата се известени релевантните служби.