Свет Свет Експлозија пред амбасадата на Ирак во Авганистан

Експлозија пред амбасадата на Ирак во Авганистан

Автомобил бомба експлодира утринава пред амбасадата на Ирак во центарот на Кабул, по што следело размена на оган. Нападот сè уште трае, но засега нема податоци за жртви.

Двајца полициски претставници соопштија дека бомбата експлодирала пред амбасадата, а потоа вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во зградата.

Очевидци велат дека слушнале пукање од огнено оружје.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

Кабул годинава повеќепати беше мета на напади на талибанците и на Исламска држава.