Свет Експлозија на паркиралиште во Анталија, причините сè уште непознати

Експлозија на паркиралиште во Анталија, причините сè уште непознати

Силна експлозија одекна денеска на паркиралиште во трговско-индустриската комора во Анталија, јавија повеќе турски медиуми. Билансот на повредени сè уште не е официјално познат, но според првичните информации, дознаваме дека има десетина повредени. Досега нема информации за настрадани кои се во животна опасност.

Иако Турција изминатиот период беше цел на повеќе терористички напади, градоначалникот на Анталија, Мендерес Турел, изјави дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена и дека е можно да станува збор за несреќа.