Свет Експлозија на автомобил бомба во Газијантеп, еден полицаец повреден

Експлозија на автомобил бомба во Газијантеп, еден полицаец повреден

Еден полицаец загина, а 13 луѓе се повредени во денешната експлозија во близина на седиштето на полицијата во турскиот град Газијантеп.

Медиумите јавуваат дека станува збор за експлозија на автомобил бомба.

Локалните власти соопштиле дека девет од повредените луѓе се полицајци. Газијантеп на јужниот дел граничи со територија која е под контрола на Исламската држава.