Свет Европа Експлозија на автомобил бомба во Берлин

Експлозија на автомобил бомба во Берлин

Едно лице загина во експлозија на автомобил бомба во германскиот главен град Берлин. Германската полиција наведува дека смртно настрадал возачот на возилото што експлодирало, пренесува „Би-би-си“.

Полициски службеник кој се наоѓал на местото на настанот соопштил дека експлозијата се случила додека возилото се движело.

Автомобилот, поради експлозијата, се превртел во воздух.

Истрагата е во тек.