Македонија Експлозија и пожар во училиште во Велика Британија

Експлозија и пожар во училиште во Велика Британија

Во основно школо во Вејбриџ, на југоистокот на Велика Британија, денеска одекна експлозија, по која изби пожар, но, според соопштението на локалната полиција, сите ученици и вработени се на сигурно.

Корисниците на социјалните мрежи објавија дека слушале бука и виделе огромен црн чад над школото „Сент Џорџ“.

Противпожарните екипи биле повикани нешто по 12 часот по локално време и се ангажирани осум противпожарни возила и неколку специјализирани возила.

Улицата и околината се затворени.