Видео Експлозија и евакуација во Париз

Експлозија и евакуација во Париз

Експлозија потресе станбена зграда во центарот на француската престолнина, Париз, а фотографии од зградата и чад кој се издига од неа се шират на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалните мрежи во првите коментари сугерираат дека станува збор за експлозија на гас, а не за тероризам.

Локалното население е евакуирано.

Експлозијата се случила во близина на Монпарнас, на левата страна на Сена. Противпожарни и амбулантни возила веднаш се упатиле кон местото, но нема податоци за евентуални жртви.