Свет Европа Експлозии во Киjив: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништата

Експлозии во Киjив: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништата

Воздухопловните сили известија дека Русија лансирала хиперсонични ракети во регионот на Кијив

Кијив / фото: Укринформ

Експлозии одекнуваа во украинскиот главен град Кијив, откако властите прогласија тревога за воздушен напад низ целата земја, пренесе Ројтерс.

Градоначалникот Виталиј Кличко им порача на жителите да останат во засолништата за воздушни напади. Градските власти на Кијив рекоа дека функционира противвоздушната одбрана, а воздухопловните сили известија дека Русија лансирала хиперсонични ракети во регионот на Кијив.

„Експлозии во градот. Останете во засолништа!“, напиша Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.

Тој рече дека фрагменти од соборениот проектил паднале на територијата на детската болница во градот, но дека нема повредени или материјална штета.