Економија Економијата закрепнува, пораст од 3,1 процент на БДП во вториот квартал

Економијата закрепнува, пораст од 3,1 процент на БДП во вториот квартал

Стапката на пораст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2018 година е 3,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69,6 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6 проценти.

БДП во првиот квартал годинава, имаше пораст од само 0,1 процент.