Свет Европа ЕК сè уште не одлучила дали ќе испрати експерти во Обвинителството

ЕК сè уште не одлучила дали ќе испрати експерти во Обвинителството

Сè уште нема одговор од Европската комисија (ЕК) на поканата на Јавното обвинителство да испрати меѓународни експерти кои би ја следеле работата на обвинителите по предметите за случајот „Пуч  и предметите од аферата „Прислушување“, пренесува „24 Вести“.

Од ЕК потврдиле дека го примиле официјалното барање од македонското јавно обвинителство, но засега немаат повеќе информации.
– Во оваа фаза немам многу што да кажам. Ние примивме писмо, но укажавме што се нашите очекувања и во моментов немам некаква нова информација. Кога ќе имам нешто повеќе, ќе бидам среќна да го споделам – изјавила Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, пренесува „24 Вести“.

Од Јавното обвинителство поканата за меѓународни експерти да ја надгледуваат работата на обвинителите по предметите „Пуч“ и „Прислушување“, ја објаснија како чекор кој ќе придонесе „кон градење на довербата во независното и самостојно постапување на Јавното обвинителство“.

Денеска од Јавното обвинителство, преку соопштение, информираа дека предметите по кривичните пријави од СДСМ биле распределени за работа на 17 јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје.