Македонија ЕК: Разочарани сме, Договорот од Пржино е јасен пат кон прогресот

ЕК: Разочарани сме, Договорот од Пржино е јасен пат кон прогресот

Европската комисија денеска изрази разочарување поради повторното пробивање на роковите од Договорот од Пржино.

– Комисијата е разочарана и ги повикува на лидерство и на одговорност сите политички партии и со добра волја да го имплементираат договорот – изјави за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан.

Коцијанчич истакна дека постигнатиот договор го посочува јасниот пат кон прогресот, но притоа не сакаше да коментира дали ваквата ситуација ќе се рефлектира врз извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој допрва треба да биде презентиран.