Свет Балкан ЕК препорача визна либерализација за Косово и за Турција

ЕК препорача визна либерализација за Косово и за Турција

Европската комисија официјално препорача Косово и Турција да добијат визна либерализација за подрачјето на шенген-зоната.

Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, и комесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, сепак истакнаа дека Косово треба да исполни две барања, односно косовскиот парламент да ја ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора и да покаже резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Безвисниот режим исто така е условен и за Турција, иако тој е дел од спогодбата што ја постигнаа Брисел и Анкара, во рамки на која Турција се согласи да ги прими назад мигрантите што го преминале Егејско Море и стигнале до Грција.

Турција и понатаму мора да ги исполни критериумите на Европската комисија за безвизен режим, а одлуката за условно укинување на визите мора да ја одобрат Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ.