Македонија ЕК: Одложено објавувањето на извештајот за напредокот на кандидатите

ЕК: Одложено објавувањето на извештајот за напредокот на кандидатите

Европската комисија денеска соопшти дека поради клучниот состанок за тоа како да се решат војната во Сирија и бегалската криза, одложено е годинешното објавување на извештајот за напредокот на кандидатите за потенцијална кандидатура за членство во ЕУ.

Како што изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, извештаите ќе бидат објавени по средбата на лидерите на ЕУ на 15 и на 16 октомври во Брисел, на кој апсолутна предност ќе ѝ се даде на бегалската криза.

Схинас не сакаше да каже дали извештајот ќе биде објавен следната недела.