Свет Европа ЕК ќе додели 180 милиони евра за сириските бегалци

ЕК ќе додели 180 милиони евра за сириските бегалци

Европска Унија ќе обезбеди 180 милиони евра помош за внатрешно раселените лица во Сирија, како и за сириските бегалци во Либан и во Јордан, соопшти Европската комисија.

Како што се наведува во соопштението на ЕК, 41 милиони евра од вкупната сума се наменети за бегалците во Сирија, 66 милиони евра за бегалите во Јордан, додека 73 милиони евра се за бегалците во Либан.

Во соопштението од кабинетот на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, соопштија дека ЕУ е одлучна да даде свој придонес за наоѓање трајно политичко решение.