Свет Балкан ЕК ги демантира плановите за градење бегалски центри во Србија

ЕК ги демантира плановите за градење бегалски центри во Србија

Европската комисија ги отфрли шпекулациите за наводни планови за воспоставување центар за бегалци во Србија и истакна дека Брисел само сака да им помогне на земјите од Балканот во совладувањето на бранот мигранти.

Портпаролот на Европската комисија, Хајнц Мико, за виенскиот весник „Пресе“ рекол дека не е планирано градење масовни прифатилишта ниту во Србија, ниту во други земји.

Сепак, тој укажа дека е можна финансиска поткрепа од средствата на ЕУ за „совладување на најитните хуманитарни потреби“, но и за изградба на прифатилишта.