Свет Свет Египет: Нема докази дека рускиот авион е намерно урнат

Египет: Нема докази дека рускиот авион е намерно урнат

Египет досега не пронашол ништо што укажува на терористичка акција во врска со падот на рускиот патнички авион на Синај на 31 октомври, кога загинаа 224 лица, се наведува во прелиминарниот извештај за настанот.

– Комисијата за техничка истрага досега не открила никаков знак за незаконско мешање или за терористички активности –  соопшти министерството за цивилна авијација.

Русија претходно објави дека авионот е урнат со бомба, а одговорноста ја презеде милитантната организација Исламска држава.

Роднините на лицата што загинаа во падот на авионот, пред судот во Русија поднесоа барање истражителите да објават детали од истрагата за настанот.

Адвокатот на роднините, Игор Трунов, рече дека иницијалната истрага била фокусирана на механичките проблеми и оти семејствата не се известени за тоа дека е формално отворена истрага за тероризам.