Свет Египет: 61 жртва на топлотен бран

Египет: 61 жртва на топлотен бран

Најмалку 61 лице починале за период од три дена како последица на топлотниот бран кој го погоди Египет, а околу 600 лица се хоспитализирани.

Министерството за здравство соопшти дека 21 лице умреле во вторникот, додека од топлината во неделата и во понеделникот починале 40 луѓе.

Поголемиот дел од жртвите се стари луѓе, се наведува во соопштението на министерството.

Според податоците на министерството, 581 лице се примени во болница поради исцрпеност од топлина, а 204 лица останале на болничко лекување.

Локалните медиуми известиле дека некои од жртвите на топлина биле затвореници и пациенти од психијатриски болници.

Температурата во наредните денови би можеле да достигне и повеќе од 37 степени во сенка.