Свет Европа Едуар Филип е нов премиер на Франција

Едуар Филип е нов премиер на Франција

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска го постави пратеникот на конзервативците Едуар Филип за премиер, со што го одржа ветувањето од кампањата дека во француската политика ќе „воведе“ нови лица.

Четириесет и шестгодишниот Филип е член на Републиканската партија и не е доволно познат на гласачите.

На неговото именување за претседател на француската влада се гледа како обид на центристот Макрон да формира мнозинство во парламентот, привлекувајќи ја десницата.

Макрон вчера положи заклетва како нов претседател на Франција.