Галерија Едно по друго, две бебиња се родија на Клиниката за гинекологија во...

Едно по друго, две бебиња се родија на Клиниката за гинекологија во минута по полноќ (галерија)

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа на една минута после полноќ се роди првото бебе во 2021 година.

Триесет и пет годишната Бојана Миланова, роди здраво машко дете тешко 3.650 грама и долго 51 сантиметар. Ова е второ дете во семејството Миланови.
Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. Триесет и три годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3.350 грама, 51 сантиметар долго. Министерот Филипче им посака здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство на новородените бебиња.

Министерството за труд и социјална политика на мајката на првото бебе и подари златник, а Град Скопје штедна книшка со износ од 20.000 денари.

Второто бебе исто така доби златник и штедна книшка. Во 2 часот по полноќ се роди женско бебе и подароци од Град Скопје и МТСП ќе има и за него.