Свет Европа Едно лице загина во експлозија во близина на метро-станица во Стокхолм

Едно лице загина во експлозија во близина на метро-станица во Стокхолм

Едно лице загина во експлозија во близина на метро-станица во Стокхолм, соопшти полицијата. Во експлозијата, која се случила во јужниот дел на градот, повредена е уште една жена.

Засега не се знае дали се работи за терористички напад, бидејќи полицијата се уште го истражува случајот.

Метро-станицата е затворена, а истражен тим го проверува местото за да утврди, дали се поставени и други експлозивни направи.