Свет Едно лице рането откако се обидело да пука во Капитол Хил

Едно лице рането откако се обидело да пука во Капитол Хил

Едно лице се обидело да испука куршум од пиштол при неговиот обид да влезе во комплексот за посетители во американскиот Капитол Хил, што ги принуди полицајците да стрелаат во него и да го ранат.

Инцидентот во Вашингтон доведе до привремено затворање на зградите на американскиот Конгрес и на Белата куќа.

Човекот бил пренесен во болница и се уште не е позната неговата здравствена состојба. Се прецизира дека немало повредени полицајци.

– Почетната истрага покажува дека станува збор за индивидуален акт и немаме причина да веруваме дека е нешто повеќе од криминален чин – изјави Метју Вердероса, шеф на полицијата во Капитол Хил.