Хроника Едно лице повредено со нож, на излезот од Охрид кон Струга

Едно лице повредено со нож, на излезот од Охрид кон Струга

Вчера, околу 4 часот, во Охрид на булеварот Туристичка, во правец кон Струга, В.М. (1992) од тетовското село Порој, кој бил заедно со Е.К. (1993) и со М.К.(1994) од село Радолишта, Струга, и се превезувале со возило„бе-ем-ве“, биле пресретнати од возило „пежо 306“, од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале.

По настанот, нападнатите продолжиле кон Струга, каде на клучката на излезот од Охрид биле пресретнати и сопрени од истото возило, од кое излегле шест непознати лица на возраст од 18 до 25 години и повторно почнале да удираат со нозете по возилото, ги отвориле вратите и физички ги нападнале, удирајќи ги со раце и со нозе.

Едно од лицата извадило нож и го пресекло В.М. во пределот на левата страна на половината, по што напаѓачите избегале. На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга, од каде настанот е пријавен во Полициската станица во Струга.

СВР-Охрид презема мерки за целосно расчистување.