Дописници Едно лице почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово

Едно лице почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово

Попладнево, околу 18 часот, едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, на надвозникот за село Добарце.

Несреќата се случила кога, од засега непознати причини, автомобил „цитроен ц3“ со тетовски регистарски таблички излетал од патот.

Во несреќата починал 68-годишниот тетовец М.Т., кој од ударот излетал од автомобилот.

Во сообраќајната несреќа, тешки телесни повреди добил и 74-годишниот тетовец М.Д., кој поради сериозноста на повредите итно е пренесан на Ургентен центар во Скопје.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.