Македонија Една затворска и три условни казни за последната група демонстранти од 5...

Една затворска и три условни казни за последната група демонстранти од 5 мај

Една затворска и три условни казни им одреди Кривичниот суд во Скопје на обвинетите од последната група демонстранти што беа приведени по протестите пред Владата на 5 мај, пренесува „Утрински“.

Тројца од демонстрантите ја признаа вината дека го сториле делото учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство.

Ним судот им одреди условни казни од три месеци, кои нема да се извршат доколку во период од една година не сторат друго кривично дело.

На еден демонстрант, кој не е достапен за полицијата, судот му одреди казна затвор од една година.