Здравје Една третина од тестираните се позитивни, евидентирани 355 нови случаи на ковид-19

Една третина од тестираните се позитивни, евидентирани 355 нови случаи на ковид-19

Фото: NIAID-RML (https://www.niaid.nih.gov/ & https://www.niaid.nih.gov/about/rocky-mountain-laboratories), CC BY 2.0, Викимедија комонс

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на ковид-19. Безмалку една третина од тестираните се позитивни, односно 29,6 отсто. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 89 реинфекции, а регистрирани сe и 145 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице во болнички услови од Скопје (75г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на 30 јуни.

Досега во земјата се направени вкупно 2.087.721 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474.